Ана била најпознатата руска телохранителка: Ги чувала тајкуните, а начинот на кој загинала е морничав!

Имала само 29 години кога починала

Ана Логинова својата манекенска кариера ја заменила со телохранителска, а никој не можел ни да претпостави каков трагичен крај ќе доживее

Ана Логинова била позната московска манекенка, кој се сликала разголена за насловните страници на популарните машки списанија. Престижни брендови ја ангажирале за сите свои рекламни кампањи, а станала заштитно лице на Chanel и BMW во Русија.

Но потоа решила да искористи некои од другите своите таленти и да стане најдобриот женски телохранител на светот.

„Ништо во животот не е случајно“, рекла таа за магазинот „Максим“ за кого се фотографирала разголена, кога објаснила како од модел станала телохранителка.

„Кога ги рекламирав BMW, морав да поминам напреден курс за возење. Тогаш сретнав човек кој ме обучи да ракувам со оружје и сфатив дека тоа и вештините за возење можам да ги искористам како професија. Пријател ми даде идеја да основам агенција за жени телохранителки. Полагав курсеви и еве ме“, раскажала тогаш Ана.


Во тоа време во Русија било многу популарно да се има скап автомобил и телохранител, тоа било статусен симбол, а Ана го искористила тоа. Се грижела за безбедноста на богатите Руси, пред сè, на нивните сопруги и љубовници. Бизнисот го започнала во 2005 година, регрутирала и обучувала работници, а и самата работела како телохранител.

„Никој нема да помисли дека убава девојка може да има скриен пиштол и дека, всушност, може да го употреби ако е нападната. А кога имате убаво тело, тоа помага да се разоружи напаѓачот. Тој ќе зјапа во вас и ќе заборави на сè друго“, изјавила тогаш за медиумите.


Сепак, иако била најдобра во својата работа и заштитила многу луѓе кои ја ангажирале, во 2008 година не успеала да се заштити себе од крадци кои се обиделе да го украдат нејзиното скапоцено Порше Кајен.

Возејќи се низ соседство на југоистокот во Москва, на пат да собере маче што го нашла во оглас, Логинова застанала на крстосница. Тогаш, сребрена лимузина застанала покрај неа, излегол маж, ја извлекол од нејзиниот автомобил, седнал во него и тргнал. И тогаш професијата како телохранител се свртела против Ана.

„Реагирала инстинктивно. Таа се фатила за кваката на вратата на нејзиното Порше и, според полициските извештаи, веројатно се закачила со раката. Џипот јурејќи ја влечел Ана по патот и таа починала од повреди на главата. Нејзиното тело било пронајдено подоцна истата вечер“, открил психологот Михаил Виноградов, гостувајќи на руска телевизија и додал дека таа грешка ја прават и искусните полицајци – некој нешто ти зема и ти автоматски реагираш за да го сопреш.

„Да не се борела, ќе го изгубела само автомобилот, не и животот“, додал тој.


Крадењето скапи автомобили во Русија со години било многу честа појава, и Ана веќе еднаш била нападната, иако успеала да остане неповредена. Вториот пат немала среќа.

Имала само 29 години кога загинала, а зад себе оставила едно дете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.