Алек Болдвин посвети објава за снимателката во која пукаше: Една година од трагичното случување во светот на филмот (ФОТО)

Шоубизнис

Фото: Инстаграм

Светот замолчи кога пред година дена на снимањето на холивудскиот филм “Rust” дојде до шокантната смрт на снимателката Халин Хачинс.

Актерот Алек Болдвин тогаш пукаше, мислејќи дека пиштолот кој се користеше на снимањето е безопасен. Сепак, во него куршумот бил вистински и ја усмртил снимателката Халин.

Алек тогаш, по повод годишнината од трагичното случување, сподели фотографија од Халин на социјалните мрежи на Инстаграм.

„На денешен ден“, напиша Болдвин со фотографијата која настана на едно од снимањата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Алек после трагедијата се сретна со бројни проблеми, а го тужеше и семејството на убиената Халин.

„Срцето ми беше скршено илјада пати минатата година и работите во мојот живот можеби никогаш нема да бидат исти. Многу промени доаѓаат, но моето семејство ме одржа во живот. Тие се мојата причина за живот“, напиша актерот неодамна на Инстаграм.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.