Актерката прошетала на плажа и никој не ја препознал: Без шминка не личи на себе!

Погледнете

Речиси никој ја нема видено во природно издание

Актерката Алекса Деми (32) се вивна меѓу ѕвездите благодарение на популарната ТВ-серија „Еуфорија“. Алекса во серијата толкува една од главните улоги, девојката Меди Перез, а стана препознатлива по својот стил на шминкање, како и начинот на облекување кој доминирал во 1990-тите. Таа е меѓу ретките жени на кои секој стил им стои одлично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @alexademie

Алекса не крие дека обожава шминка, а ретки се оние што можеле да ја видат во потполно природно издание. Актерката вешто го крие својот приватен живот, па така ретки се пригодите кога папараците ќе ја уловат во опуштено издание.


Минатата година папараците ја фотографирале на плажа во Мајами со дечко ѝ Кристијан, со кого е во врска од 2007 година. Во оваа ретка пригода, обожавателите можеле да видат како изгледа актерката без ронка шминка. Коментарите се нижеле, а мислењата биле поделени.

Додека едни критикувале дека изгледа непрепознатливо без шминка, други го фалеле нејзиниот природен изглед.

„Разликата е драстична, но секако изгледа убаво. Па, сите жени изгледаат малку поинаку со шминка“, заклучила една корисничка на Инстаграм.

Омилената актерка на Холивуд со разбушавена коса и без ронка шминка: Природно издание што го запали Инстаграм!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.