Најпожелниот пензионер на светот ужива на јахта од 6 милиони евра: Што сè поседува човекот побогат и од кралското семејство?

Невиден луксуз

Дејвид и Викторија Бекам заработуваат енормни цифри благодарение на својот бренд Beckham Brand Holdings

Дејвид и Викторија Бекам се познати по тоа што водат многу луксузен живот, а сега и папараците ги фотографирале како уживаат на својата скапоцена јахта која чини дури 6 милиони евра.

Славната двојка решила да ги помине велигденските празници крстосувајќи низ сончевите предели на Мајами, а Викторија била фотографирана додека опуштено се излежувала на палубата.

Бекамови очигледно знаат како да заработат, па можат со полни гради да уживаат во животот. Како родители на четири деца, понекогаш им треба одмор од сè.

Иако многумина тврдат дека помеѓу нив со години постојат недоразбирања и дека се во брак само на хартија, може да се каже дека двојката ужива во заедничките мигови. Оние што не ги сакаат, тврдат дека Викторија и Бекам не сакаат да се разведат, бидејќи така би изгубиле значаен дел од своето богатство.

Брендот „Бекам“, според проценките на лондонската школа за маркетинг, вреди повеќе богатството на покојната кралица Елизабета Втора. Поранешниот фудбалер и неговата сопруга, некогашна пејачка, а денес дизајнерка, се заедно од 1997 година. Се свршија во 1998 година, па го добија првиот син Бруклин. Се венчаа една година подоцна, а во бракот добија уште три деца, Ромео, Круз и ќерката Харпер.

Најголемиот дел од приходот им доаѓа од три извори: парите што Дејвид и понатаму ги заработува благодарение на фудбалот, парите што им ги носи самиот бренд „Бекам“ – Beckham Brand Holdings и модната индустрија на Викторија.

Само од својот бренд заработуваат и до 50 илјади фунти дневно. Покрај тоа, Викторија е сопственичка на Moody Productions, кој во 2019 година заработил повеќе од 10 милиони фунти. Се шпекулира дека заработката во меѓувреме пораснала.

Според медиумите, само минатата година оствариле приход од 17,4 милиони фунти, што ги заработиле од продажба на парфеми, луксузни часовници, облека и обувки со нивното име.

Дејвид неодамна беше претставен како нов амбасадор на Масерати, за кои сними промотивно видео, а потврди и дека ќе глуми во серија на „Дизни“ како ментор на тим на млади фудбалери, за што потпишал милионски договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Покрај бројните профитабилни бизниси, Бекамови во своја сопственост имаат и неколку недвижнини чија вредност се проценува на милиони долари. Нивниот стан во западен Лондон вреди 35,1 милиони фунти, додека имотот во Котсволдс вреди 6 милиони фунти. Покрај сето ова, Дејвид потпишал неколку вредни договори со компаниите „Самсунг“, „Адидас“, „Пепси“, H&M и многу други, а денес тоа го прават и неговите деца.

ВАКА по дома танцуваат Дејвид и Викторија Бекам: Урнебесно приватно видео! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.