Ли Хитинг – производител на респиратори секој месец е побогат за милијарда долари

 

Богатството на Ли Хитинг, коосновачот на производителот на респиратори, Shenzhen Mindray, расте во просек по 37,7 милиони долари на ден, што го направи најбогатиот човек во Сингапур.

Богатството на компанијата Shenzhen Mindray Bio-Medical Electronics, само од почетокот на оваа година порасна за 4,3 милијарди долари на 13,5 милијарди долари, според податоците на Bloomberg. Извршниот директор на компанијата, Ли Хитинг, со адреса во Сингапур, е роден во кинеската провинција Анхуи, а огромниот раст на вредноста на компанијата започна со избувнување на епидемијата во Вухан. уште на крајот на месец јануари.

Вредноста на компанијата е на рекордно ниво и се проценува на 46,5 милијарди долари, а вредноста на акциите се искачила на 270,5 јуани. Нарачките за нивните производи од разни медицински монитори до респиратори значително се зголемиле во март, а тие пристигнуваат во повеќе од стотина земји во светот.

Ли Хитинг изјави дека, за разлика од производството на медицински маски, за производство на респиратори потребна е висока технолошка специјализација, и дека нивната компанија во моментов прима над стотици инвестициски понуди. Mindray во моментов може да произведе 2.200 респиратори неделно, што претставува 20 проценти од сегашното светско производство.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.