Дуа Липа глава не може да крене од тужби: Пејачката ќе треба да плати 20 милиони долари?! (ФОТО)

Голема сума...

Познатата пејачка со албанско поткело, Дуа Липа доби трета тужба за иста песна.

Поп-ѕвездата наводно никогаш не добила дозвола да вклучи снимка од музичар во ремикс на својот мегахит „Levitating“.

Во тужбата е наведено дека пејачката незаконски користела снимка од т.н. ток-бокс од своја песна за последователни ремикси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Музичкиот продуцент Боско Канте, кој поднесе повеќемилионско барање за авторски права во понеделникот во Лос Анџелес, тврди дека пејачката и „Ворнер мјузик груп“ незаконски користеле снимка направена со негов ток-бокс во ремикси на најпопуларната песна од нејзиниот албум Future Nostalgia од 2020 година.

Канте тврди дека три ремикси на песната на британската пејачка вклучиле негова снимка и со тоа ги прекршила неговите авторски права и практично го украла неговиот дел за својата песна.

Понатаму, тој смета дека врз база на своите снимки има право на повеќе од 20 милиони долари од профитот на конкретната песна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.