За идните татковци: Не чекајте премногу долго за потомство

Кога станува збор за проширување на семејството и потомството, фокусот отсекогаш бил на жените и тоа како тие не треба да чекаат премногу долго поради отчукувањето на биолошкиот часовник поради докажаните ризици во напредната бременост. Неодамна, сепак, сè повеќе истражувања сугерираат дека ниту мажите не треба да чекаат премногу долго.

Имено, едно американско истражување, во кое учествуваа повеќе од 100.000 испитаници, покажа дека дури и посилниот пол треба да размислува за потомство на време. Истражувачите откриле дека децата имаат просек 59% поголем ризик од не-Хочкин лимфом, ако нивниот татко е постар од 40 години. Овие бебиња имаат поголем ризик од развој на рак на простата и дојка кога ќе пораснат.

Експертите тврдат дека стареењето кај мажите акумулира мутации во репродуктивните клетки, што ги зголемува шансите децата подоцна да добијат разни болести.

Прочитајте и: Првите три часа одлучуваат дали ќе живеете: Ако ги почувствувате овие симптоми, тоа е мозочен удар! Еве што е важно да се знае!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.