Ова е главниот симптом на рак на панкреас: Многумина го занемаруваат, а може да биде КОБЕН
Добро е да се знае
Водечките симптоми на рак на панкреас се појавуваат подмолно, а штом ги почувствувате, треба да одите на лекар
Болестите на панкреасот се сè почести, а рак на панкреас се појавува кога нормалните клетки на панкреасот мутираат во абнормални клетки и растат надвор од контрола. Панкреасот произведува хормони и течности што му помагаат на телото да ја вари храната. Ракот на панкреас е четвртата водечка причина за смрт од рак во САД.
Панкреатитис (воспаление на панкреасот) најчесто се појавува кога ќе дојде до застој во протокот на дигестивните ензими и тие ензими ќе почнат да го напаѓаат самиот панкреас. Тогаш се појавуваат непријатност и силни болки во стомакот.
Панкреатитисот кој трае подолго време може да ја намали функционалноста на панкреасот и да доведе до намалување на неговата способност да лачи нормална количина на дигестивни ензими и хормони. Тоа влијае врз работата на панкреасот и доведува до лоша апсорпција на нутриентите, што често резултира со разни заболувања, вклучувајќи и дијабетес.
Видови панкреатитис
Панкреатитисот може да биде акутен и хроничен. Акутниот панкреатитис е состојба во која воспалението трае пократок временски период (најчесто се подобрува во период од една недела и пациентот излегува од болница по пет до десет дена), додека хроничниот панкреатитис подолго трае – може да трае со години, а придружен е со воспаленија и други симптоми.
Кои се симптомите?
Болката во грбот е главниот симптом на карцином на панкреас кога е локализирана во средниот дел и во пределот на панкреасот. Симптомите на рак на панкреас зависат од тоа каде се наоѓаат.
За жал, не постојат рани симптоми на болеста. Кога ќе се појават симптоми, болеста обично напреднала. Пациентот забележува дека му пожолтеле очите, кожата, слузокожата или претходно имал неподнослив јадеж. За оваа жолтица карактеристично е тоа што урината станува темна, а столицата светла до бела.
Фактори на ризик за појава на рак на панкреас:
- генетика
- пушење цигари
- пасивно пушење цигари
- алкохол
- изложеност на радон
- исхрана богата со масти
- вишок килограми
- нитрозаини во храната
- хроничен панкреатитис
- дијабетес
- цироза на црниот дроб
Коментарите се заклучени.