Ова е омилениот напиток на Јелена Ѓоковиќ: Го зајакнува имунитетот и помага во борбата против настинки и грип во зимските денови (ФОТО)

Исхрана

Погледајте како Јелена Ѓоковиќ го чува здравјето.

Познато е дека Јелена Ѓоковиќ е исклучително внимателна со исхраната, и дека се труди се што консумира да биде природно и здраво. Овој пат таа со своите следбеници сподели кој ѝ е омилен од зимските пијалоци, а во прашање е чајот од куркума.

Придобивките од овој напиток се многубројни, а пред се е одличен за зајакнување на имунитетот и заштитата од настинки. Чајот од куркума е богат со витамини, минерали и други корисни соединенија, а пред се куркуминот, кој е моќен антиоксиданс, како и со манган, железо и бакар, пишува сајтот artfultea.com.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Овој чај има и антиинфламаторни својства, може да го смири воспалението и да помогне во лекување и превенција на хронични воспалителни болести. Исто така ги смирува болките во грлото и има антибактериски, антимикробни и антивирусни својства.

Одличен е и за кожата, особено за акните, а добар е и за концентрација и ослободување од главоболка.

Сопругата на најдобриот српски тенисер и директор на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ во една прилика откри дека покрај чај често консумира и смути во секојдневниот живот.

Имено, Новак и Јелена, денот го започнуваат со млака вода со малку сок од лимон, а првиот оброк најчесто им е смути. Во овие кашести сокови може да се додадат различни здрави намирници – од семки или нивни никулци, до лековити зачини како куркума или ѓумбир.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More