КИНЕСКА ДИЕТА: Ограничувањето на калориите – тајна за брзо слабеење

Препишете ја од нив!

Природата на кинеските девојки им подарила детски црти на лицето и кревкост кон која тежнеат Европејците. Но нивна предност е и тоа што се хранат со производи што не само што се корисни за фигурата туку и за организмот воопшто. Специјална диета исто така им помага да ги подобрат својот изглед и здравје.

Во текот на диетата Азијките избегнуваат сол, давајќи им предност на билните производи со минимално количество калории, бидејќи калоричноста на дневната исхрана не смее да надмине 1.000 кцал! Ваквото ограничување е влог за брзо и ефикасно ослободувања од вишокот тежина.

Пред строгата диета организмот треба да се исчисти, поради што се препорачува пет-шест дена на празен стомак и пред секој оброк да пиете по една чаша чиста вода. Ова ќе помогне да ја воспоставите работата на цревата, што ќе обезбеди подобра апсорпција на микроелементите и хранливите супстанции што стигнуваат со храната.

Диетата трае две-три недели, од кои во првите 10–14 дена се ослободувате од вишокот маснотии, а последните пет до седум дена нормално се враќате на вообичаената исхрана.

Принципи на диетата

Благодарение на оваа диета можете да симнете од 13 до 15 кг, а нема да морате да гладувате. Нејзината восхитувачка ефикасност е заснована на комбинација од корисни но нискокалорични производи.

Позитивни аспекти на диетата:

* Избегнувајќи ги солта и штетните производи (чадено, конзервирано, печива итн.), го снижувате нивото на шеќер во крвта, што ја зголемува издржливоста на организмот и спречува појава на заболувања како што се дијабетес и хипертензија.

* Основата на менито се состои од зеленчук, риба и каши, што овозможува снабдување на организмот со енергија и корисни супстанции, подобрување на работата на гастроинтестиналниот тракт и забрзување на метаболизмот.

* Повеќе од два литра течност дневно го ослободува телото од токсини.

Што, кога и како да се јаде

Кинескиот метод на слабеење подразбира точно спроведување на сите упатства. Не смеете да го менувате менито според сопствено уверување. Треба да земате храна само во одредено време и целосно да ги исфрлите грицките. Доколку ви е тешко без сол, можете да ја замените со свежо цеден сок од лимон.

Основа на диеталната исхрана на Азијците е рибата дополнета со зеленчук. Фаворити се сите видови зелка, морковот, цвеклото, тиквичките и зелеништето, како и доматите. Алкохолот комплетно е исклучен, но по будењето можете да се израдувате себеси со шолја силно природно кафе.

Во текот на диетата организмот се префрла на режим на чување на енергијата во услови на ограничено количество храна. За да се вратите на обичниот систем на исхрана, морате да се подготвите. За таа цел, во последната, третата недела треба да го зголемите количеството течности. Во текот на ограничувањето на храната по кинескиот метод не само што ќе закрепнете туку и ќе се ослободите од вишокот сантиметри.

НЕДЕЛНОТО МЕНИ НА КИНЕЗИНКИТЕ

Ден ПОЈАДОК РУЧЕК ВЕЧЕРА
1 Црно кафе или топол зелен чај Ситно исечкана зелка со лажица масло, две кокошкини јајца (тврдо варено) и мал домат Варена риба (на пареа) и салата од зелка
2 Салата од кинеска зелка и порција риба на пареа Најмногу 250 г говедско месо (варено, динстано) и чаша немрсен кефир
3 Салата од морков зачинета со билно масло, сурово јајце Свежи јаболка (две-три)
4 Корен од магдонос приготвен на маслиново масло, а потоа преработен во пире, едно-две јаболка Варено говедско месо, салата од зелка и два тврдо варени јајца
5 Салата од морков со парчиња лимон или сок Риба и чаша свеж сок од домати (без сол!) Мало парче риба, салата (зелка со маслиново масло)
6 Природно кафе Варено пилешко месо и салата од зелка, со додаток од рендан морков Две варени јајца и салата (од бела или кинеска зелка)
7 Говедско месо (варено без сол) и овошје (не банани!) Салата и вообичаената риба

Текст: Наташа Човиновска 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.