„Еве што наоѓаат во сечиј желудник при аутопсија! Телото не може да го свари ова“: Тврдење на најпознатиот нутриционист во светот

Која храна не може да ја свари желудникот?

Анри Шено, нутриционист и основач на една од најпрестижните клиники за детоксикација на телото во Швајцарија, тврдел дека најголемата грешка е пиењето кафе

Анри Шено е еден од најпопуларните светски нутриционисти, кој изградил реномирана клиника во која ги лекувал најпознатите луѓе на светот. Кога пред неколку години починал на 77-годишна возраст, неговата клиника продолжила да работи според неговите принципи.

Анри Шено цели 45 години го усовршувал својот метод, кој се засновал на постигнувањето успешна рамнотежа меѓу умот, духот и телото. Овој нутриционист верувал дека можеме да живееме здраво и активно и во зрелите години.

Шено верувал дека за длабоко прочистување на ткивата и забавување на процесот на стареење, неопходно е да се ограничи бројот на калории што ги внесуваме.

Тој тврдел дека не постои универзална диета што ќе функционира кај секого. За сечие тело потребен е индивидуален пристап, но постојат некои принципи до кои сите треба да се придржуваме.

Првото и најважно нешто врз кое се темели здравата исхрана е староста. Метаболизмот се менува секои 7 години и многу е важно да се знае тоа.

„Луѓето ми се јавуваат и ми бараат некој универзален совет, но не постои такво нешто. Една од најголемите грешки е кафето. Секој од вас ќе го однесе кафето со себе и на оној свет. Поради него качувате килограми, тоа ви го закиселува телото…

Кафето не е најдоброто решение за почеток на денот. И не е важно дали е црно или со млеко. Интересен факт: Ако некој денес пиел кафе со млеко и утредента починал, аутопсијата ќе открие несварено кафе со млеко во неговиот желудник!

Затоа, најдобро е да се пие зелен чај наутро, а најмногу 1 шолја еспресо во текот на денот. Кафето би требало да биде јако и што е најважно – би требало да е кратко!“

Нутриционистите се согласуваат дека не треба да се оптоварува желудникот наутро. Важно е желудникот да работи полека, а не да го преоптоварите за целиот ден.

„Јас појадувам овошје. Ручекот го почнувам со салата, а потоа јадам јаглехидрати: ориз или тестенини. Навечер јадам супа од зеленчук.

Си дозволувам риба или пилешко месо понекогаш. Белото месо е многу корисно. Еднаш месечно јадам црвено месо, но потоа, задолжително сум 3 дена на детоксикација“, открил Анри Шено.

Тој верувал дека традиционалните три оброка дневно се доволни. Но зависи од тоа дали имате физичка работа. Ако живеете на село и наутро мора да работите на поле или работите во градежништво, мора да имате добар појадок. Ако работите во канцеларија, тогаш појадувајте само зелен чај или овошје. Но напладне, јадете пообилно.

„Уште една заблуда е дека не смеете да јадете по 18 часот. Денес, многу луѓе одат на спиење по полноќ. Ако не вечерате, телото ќе ви се одмазди!“

Наместо диета, Шено препорачувал детоксикација на телото и тоа во времетраење од 3 дена максимум.

Детоксикацијата што тој ја применувал се базира на овошје, зеленчук, течности и житарки. Од исхраната се исклучуваат солите и заситените маснотии.

Појадок: Една чаша сечкано овошје и една чаша сечкан зеленчук, по 30 минути, испијте зелен чај.

Ручек: Едно овошје како аперитив. Салата од зеленчук, зачинета со лажица маслиново масло и лимонов сок. 60 г ориз со сос од зеленчук.

Вечера: Варен зеленчук со 60 г ориз.

„Прекумерното консумирање еден ист производ е нездраво. Тоа доведува до акумулација на масти. Неопходно е да се јаде и благо и брашно, но да не се претерува. Мора да се ужива во животот.

Јас и сопругата си дозволуваме понекогаш да изедеме колач или да испиеме чаша црно вино.“

За ново настанатиот тренд според кој треба да се исфрли глутенот од исхраната, Шено велел дека е маркетиншки трик. Постојат мал број луѓе кои се нетолерантни на глутен, а другите едноставно ја следат модата, без да разберат зошто го прават тоа.

Многу е важно да разбирате што јадете и како го јадете тоа.

Шено верувал дека секој мора да спортува. Но никогаш не препорачувал трчање, бидејќи сметал дека луѓето погрешно дишат додека трчаат. Тој советувал брзо одење или интензивна прошетка, што има дури и подобар ефект од трчањето.

Како да се продолжи животот – клучни правила на исхрана
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More