„Освоив џекпот“: Има 43 години и извајано тело – можеме само да гледаме и да се чудиме!

Божествена жена!

Дефинитивно може со гордост да ја понесе титулата најзгодна жена на светот

Славната пејачка сосема заслужено важи за една од најатрактивните жени на светот, бидејќи има совршено извајано тело.

Доказ за тоа се жешките фотографии што ги објавила Никол Шерцингер, а поради кои целиот Интернет полудел.

Никол Шерцингер објавила неколку жешки фотографии од одморот на Хаваите, на кој ужива со партнерот Том Еванс.


Пејачката ги воодушевила обожавателите споделувајќи жешки фотографии на својот инстаграм-профил од Хаваите, на кои позира во минијатурно бикини што совршено ѝ ги истакнува облините, а ја фотографирал нејзиниот седум години помлад дечко Том Еванс.

Никол во оваа пригода по којзнае кој пат го покажала беспрекорното тело со кое предизвикува восхит, а кое ѝ го донело ласкавиот прекар „божица на убавината“. Не е ни чудно што следеле илјадници комплименти:

„Изгледаш како Бог лично да те извајал“, „Најзгодната жена на планетата“, „Никол, секогаш ме оставаш без здив“, „Совршена си“, „Нема подобра од тебе“...


Инаку, Никол својата совршена фигура ја должи на внимателно осмислената рутина на вежбање, а кога станува збор за исхраната, тврди дека јаде сè, но умерено и со акцент на поздрава храна. Исто така, внимава секој нејзин оброк да содржи балансиран однос на масти, јаглехидрати и протеини. На пример, појадува тост со авокадо, поширани јајца и димен лосос или здрава овесна каша со шумско овошје.

Кога станува збор за вежбањето, оваа славна убавица практикува речиси секојдневно одење во вежбалница, 20 минути кардиотренинг, планинарење, јога, кревање тегови…

„Освоив џекпот“, изјавил Том во едно интервју, инаку, поранешен рагбист.


Двојката е во врска од 2019 година, а се запознале на снимањето на едно шоу за таленти во САД, во кое Никол била членка на жирито.

Никол немала многу среќа во љубовта пред рагбистот, повеќепати се смирувала и раскинувала со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, но откако го запозна Том – тие се неразделни!

Тие се заедно од крајот на 2019 година, а последнава година ја поминале на плажите ширум светот. Своите патувања ги бележат и на Инстаграм, каде што редовно се фалат со своите извајани и исончани тела.

Никол Шерцингер наполни 43 години: Пејачката има тело на 20-годишна девојка! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.