Што може да направиме за да ги отстраниме од кожата непријатните симптоми што ги носи менопаузата?

Водич за нега

Побаравме совети од експертите на „Виши“, пионери во негата на зрелата кожа.

Истражувањата покажуваат дека до крајот на 2025 година околу 1,2 милијарди жени во светот ќе бидат во постменопауза.

Сепак од самото влегување во тој период, како симптом на стареење, дури половина од жените многу потешко се одлучуваат да разговараат со партнерот и со семејството на темата перименопауза и постменопауза.

За да ги охрабри жените гласно да зборуваат на оваа тема, како и да ја подигне свеста за значењето на поддршката од семејството, а особено од партнерот, бреднот „Виши“, кој е меѓу лидерите во негата на зрела кожа, креира моќна кампања под називот #MENOPOSITIVITY.

М-р фарм. Јелена Милојковиќ

Магистерот по фармација Јелена Милојковиќ, која е една од учесничките во кампањата, ни помогна да ги решиме најважните дилеми за негата на кожата во менопауза.

НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ НА МЕНОПАУЗА…

Промени во телесната тежина, во расположението, депресија, раздразливост и несоница, промени во изгледот, пред сè сувост на кожата на лицето и на телото.

КОИ СЕ ФАЗИТЕ НА МЕНОПАУЗА?

Постојат две фази на менопауза. Тоа се перименопауза и постменопауза. Перименопауза се јавува со влегување во 40-тите години и трае до последната менструација, а постменопаузата почнува една година по отсуство на последната менструација.

Улогата на фармацевтот во аптеката е да им ги разграничи на жените проблемите што можат да се случат во перименопауза и во постменопауза и да им укаже на соодветна нега на лицето и телото и физичката состојба во текот на овие фази.

ДАЛИ ЖЕНИТЕ САКААТ ДА РАЗГОВАРААТ ЗА МЕНОПАУЗА?

До пред неколку години тоа беше табу-тема. Денес жените за овој проблем разговараат со фармацевтите, со лекарите, а многу често и преку социјалните мрежи можат да добијат најсоодветни одговори на прашањата што ги мачат.

Во текот на перименопауза и постменопауза, хормонската нерамнотежа значително влијае на нашата кожа. Загубата на естроген, т.н. женски хормон, и растот на кортизолот, хормон на стресот, ги засилува петте симптоми на стареење на кожата – опуштеност, пигментирачки дамки, брчки, сувост и безживотен тен.

НЕОВАДИОЛ МЕНО 5 БИ-СЕРУМ

Иновативна бифазна формула на база на масло и вода, која содржи моќни супстанции:

* ПРОКСИЛАН +

* ВИТАМИНИ Б3¬ЦГ¬E

* ОМЕГА 6¬9

* како и екстракт од семки на сена, гликолна киселина и вулканска вода Виши…

Neovadiol Meno 5 BI-Serum дејствува на пет функции на кожата*:

  • Ги преобликува контурите на лицето
  • Ја намалува видливоста на старечки дамки
  • Намалува брчки
  • Ѝ го враќа сјајот на кожата
  • Ги надоместува липидите во површинските слоеви

* Според клинички студии спроведени над повеќе од 40 жени во текот на два месеци.

НАДОПОЛНЕТЕ ГО ПРОТОКОЛОТ

Во зависност од своите потреби, со Meno 5 Bi-Serum изберете дневен и ноќен крем Неовадиол за периодот на перименопауза или постменопауза.

Како дејствува дневниот крем Неовадиол*:

-25% опуштеност

+17% густина

-28% брчки*

* Клиничка студија на 221 жени во текот на 3 месеци.

МЕЛЕМ ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

Neovadiol Phytosculpt е првиот мелем против стареење и зацврстување на кожата во менопауза. Phytosculpt се топи во контакт со кожата со што подобро се впива во неа, но откако ќе се излади, мелемот се трансформира во филм што ја зацврстува кожата.

Клучни состојки:

* Фитостерол

* Проксилан

* Минерална вода Виши

ВАЖНА Е ПОДДРШКАТА

Ве советувам да уживате во животот, порачува магистерот по фармација Јелена Милојковиќ.

Дишете со полни гради и свртете се кон себе и кон своите навики. За сè друго што ви е потребно можете секогаш да појдете кај фармацевтот во аптеката и да добиете соодветни совети за тоа што ве загрижува врзано за оваа најубава доба во животот.“

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.