Да, да, добро прочитавте!
Сораја Вучелиќ привлекува огромно внимание со својот изглед, особено поради фактот што на себе има коригирано се’ што можеше да коригира. Поранешната учесничка на реалното шоу „Големиот брат“ и контроверзна старлета буквално го има сменето личниот опис.
Таа дури отиде дотаму што ги пресади веѓите, а на прашањето што се крие зад нејзините „непослушни веѓи“ одговара експерт.
Сораја не претерала со количината на влакната, ги оставила во подолга форма и ги обликувала како што ѝ одговараат. Трендовите секогаш се менуваат, навикнати сме на пократки веѓи – вели д-р Шади Абунасер, експерт за трансплантација и додава:
При пресадување на влакна на веѓите се користи вашата коса од главата или задниот дел на вратот, кои подоцна треба да се одржуваат со скратување до саканата должина, бидејќи, во спротивно, растат во должината на косата. Донаторската регија е и тилот, а пред почетокот на интервенцијата се исцртува посакуваната форма која ја посакува пациентот.
Кога обликот е постигнат, се применува анестезија за да се елиминира болката во текот на споменатата процедура. Во мојата пракса, се’ повеќе жени доаѓаат да ги средат веѓите, бидејќи тоа е единственото решение да се надоместат загубените влакна, без да се користат алтернативни методи кои не даваат природен изглед – заклучува тој.
Фото: Инстаграм