Познатата Касандра изгледа како девојче на прагот од шестата деценија: Позирала без шминка и сите се прашуваат како е ова возможно

Прекрасна

На нашите простори Кораима Торес е најпозната по улогата на Касандра, а актерката се нема многу сменето оттогаш

Планетарно популарната актерка Кораима Торес (49) се прослави со улогата на Касандра, која кај нас се прикажуваше во 1990-тите години и буквално сите ја гледаа.

Актерката на својот инстаграм-профил го прикажува семејниот начин на живот, но неретко ги развеселува своите обожаватели и со фотографии и селфиња од вежбалница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Овој пат Кораима објавила видео во кое позира без шминка, а многумина биле изненадени од тоа колку младолико изгледа актерката на прагот на шестата деценија, а евидентно е дека нема правено естетски корекции.

„Сè уште си прекрасна“, „Секоја чест за изгледот“, „Прекрасна и природна, секоја чест“, „Воопшто се немаш променето од улогата на Касандра“, се само некои од коментарите на сметка на нејзиниот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)


Актерката, инаку, е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде што има 340 илјади следбеници, а секогаш одговара и на пораките и коментарите од обожавателите.

Ако фрлите поглед на нејзиниот профил, ќе видите дека често објавува фотографии од вежбалница и од плажа, на кои се гледа нејзината атрактивна става.

На прагот од шестата деценија, мора да се признае дека Кораима изгледа совршено. Нејзините извајани стомачни мускули се во прв план на секоја фотографија што ја објавува по тренинг.

Иако улогата на Касандра ѝ донела планетарна популарност, Кораима и по таа серија била многу активна на професионален план. Таа продолжила да снима серии со полна пареа, но му се посветила и на семејниот живот.

Станала мајка во 1994 година. Со сопругот Николас Монтера има син Ману. Двојката се венчала во 1996 година и живеат во Богота.

На прагот од шестата деценија има тело како на девојка: Касандра се соблекла во бикини – ќе останете без текст кога ќе видите како изгледа денес
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.