На прагот од шестата деценија има тело како на девојка: Касандра се соблекла во бикини – ќе останете без текст кога ќе видите како изгледа денес

Обожавателите во транс

Венецуелката Кораима Торес наполни 49 години и со своите следбеници на Инстаграм секој ден споделува делови од својот приватен живот

Не постои човек кој во 1997 година не беше закован за малите екрани секој работен ден во 8 часот навечер. Касандра жареше и палеше во Македонија, а актерката што ја отелотвори стана хероина во нашата земја, симбол на страдањето, љубовта и победата над суровата судбина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Денес, 25 години подоцна, Венецуелката Кораима Торес сѐ уште воодушевува, а ние ви откриваме како ѝ успева тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Имено, оваа 49-годишна дама можеби не беше често присутна на македонските мали екрани по својата легендарна улога, но тоа не значи дека не била активна на професионален план. Таа продолжила да снима серии со полна пареа, но му се посветила и на семејниот живот. Станала мајка во 1994 година, па со сопругот Николас Монтера има син Ману. Двојката се венчала во 1996 година и живее во Богота.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Со појавата на социјалните мрежи, и Кораима доби можност да го споделува своето секојдневје со фановите, што и често го прави со големо задоволство. Активна е на Инстаграм, каде што со задоволство одговара на пораките и коментарите од обожавателите. На оваа мрежа има 319 илјади следбеници, што не е ни чудно со оглед на огромната поопуларност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)


Ако фрлите поглед на профилот на актерката, ќе видите дека таа често објавува фотографии од вежбалница и од плажа, на кои се гледа нејзината атрактивна фигура. На прагот од шестата деценија, мора да се признае дека Кораима изгледа совршено. Нејзините извајани стомачни мускули се во прв план на секоја фотографија што ќе ја објави по тренингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.