Маска од морков за чиста и освежена кожа

Прекрасен и негуван тен секогаш ќе биде во мода, затоа секогаш сме среќни да споделиме со вас неколку нови совети и предлози како да го постигнете, но и да го одржувате. Овој пат ви донесовме маска за лице од морков која е позната по своите хранливи и детоксикациони својства.

Доколку сакате да направите маска која истовремено ја храни и освежува кожата на лицето, измешајте лажица рендано сирење, маслиново масло, млеко и сок од морков. Изматете додека не добиете хомогена смеса, па нанесете на лицето и оставете да делува 20 минути.

После тоа, ставете топла облога над маската и по пет минути исплакнете го лицето со ладна вода. Оваа маска е погодна за сите типови на кожа. Ако ви пречат брчките, додадете изматени жолчки и неколку капки маслиново масло во чаша сок од морков. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете ја да делува помеѓу 20 и 25 минути. Потоа исплакнете со млака вода и нанесете ја вообичаената крема на кожата.

Прочитајте и: Направи сама: Најдобрите и најефикасните маски за лице што ги применуваат жените низ светот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.