Модерни фризури за жените постари од 50 години: Можат да избришат и до 10 години од лицето!

Совршени

Ако сте во потрага по совршена фризура што ќе им прилега на вашите години, ќе ве израдува тоа што не мора многу да експериментирате за да ја пронајдете вашата идеална фризура

Зрелите години носат неколку предности, а една од нив е тоа што трендовите за фризури не се менуваат толку драматично како во помладите денови.

Постојат неколку универзални правила со кои не можете да погрешите. Едното од нив е колку повеќе години имате толку пократка би требала да биде вашата коса. Причината е тоа што косата се проретчува со текот на годините, го губи сјајот, па може да биде сува и безживотна. Ако тоа не е вашиот случај, слободно пуштете ја косата и до струкот! Тоа е прекрасно!

Ако сепак сте одлучни во тоа да ја задржите долгата коса, посветете ѝ доволно внимание за да изгледа здраво и негувано.

На дамите во зрели години им се препорачува да одберат кратки, асиметрични фризури или да ја потстрижат косата до брадата или рамениците. Асиметричните кркми се одличен избор, бидејќи ги кријат изразените брчки на челото и можат да ве подмладат. Сепак, ако имате исклучително ретка коса, тие не се вистинскиот избор.

На дамите во зрелите години совршено им прилегаат речиси сите посветли нијанси: руса, боја на мед, бакарна, светлокафена, па дури и портокалова. Потемните нијанси ќе ги истакнат сите недостатоци на вашето лице, па затоа одбегнувајте ги, особено ако имате посветол тен.

Кратките момчешки фризури можат да направат да изгледате помладо, како и полудолгата, асиметрично потстрижана коса. Ако имате подолга коса, благите кадрици ќе ги прилегаат одлично, а и ќе ги ублажат цртите на лицето. Што се однесува до собраната коса, пунџата или опавчето би требало да бидат опуштени, со малку повеќе волумен.

Ви носиме неколку предлози за фризури за дами во зрелите години…

Кратка коса
Коса со средна должина
Долга коса
Кога ќе наполнат 40, жените најчесто прават 5 грешки со косата: Нема шанси да изгледате постаро со оваа фризура!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.