Дигитална стоматологија: Трансформација на стоматолошката практика во „Продент – дентал клиник“

Месец на оралното здравје

Како дигиталната стоматологија ја промени практиката

Тимот на „Продент – дентал клиник“ е посветен да обезбеди високо ниво на професионализам, но и континуирана имплементација на сите иновативни постапки. Тие ни открија како и колку компјутерската технологија ја промени стоматолошката практика во едно ново и напредно ниво на услугите за пациентите.

Во последниве години, новите технологии во голема мера го променија нашиот секојдневен живот. Овој тренд не ја заобиколи ниту стоматологијата, каде што развојот на технологијата овозможи да се појават различни креативни методи во решавањето разни проблеми со забите. Важно е да се знае дека дигиталната стоматологија не е замена за знаењето, стручноста и вештината на стоматологот. технологијата CAM/CAD е само понапредна техника во напредната стоматолошка наука. Тоа се однесува на дијагностички техники или стоматолошки третмани што вклучуваат употреба на дигитална (компјутерска контрола) технологија.

КАКО ДИГИТАЛНАТА СТОМАТОЛОГИЈА ЈА ПРОМЕНИ ПРАКТИКАТА

Компјутеризираната стоматологија всушност е поедноставување на стоматологијата и употребата на компјутери во секојдневната стоматолошка практика. Благодарение на неа, во „Продент – дентал клиник“ го забрзуваме начинот на интервенциите и го подобруваме нивниот квалитет. Компјутеризираната стоматологија ни создаде услови да се имитира природниот изглед на забите многу прецизно и целосно. За многу краток временски интервал се прават идеални реставрации, кои во моментов се ненадминливи по нивните естетски и механички својства.

ТЕХНОЛОГИЈА CAM/CAD

Во „Продент – дентал клиник“ CAD/CAM е кратенка од англискиот термин Computer-aided design / Computer-aided manufacture, односно компјутерски потпомогнат дизајн и компјутерско потпомогнато производство во стоматологијата. Со помош на оваа технологија, стоматолошките реставрации – инлеи, онлеи, коронки и мостови – се направени од готови керамички блокови, во целосно дигитален процес. Со помош на CAD/CAM, забната реставрација е направена од компјутерски водена високопрецизна опрема од почетокот до крајот на процесот, за само еден или можеби два дена. Финалниот производ е попрецизен и подобро приспособен на пациентот во споредба со дела направени со традиционални методи на производство.

ПРИДОБИВКИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Овој модерен и иновативен начин на работа овозможува голем број предности за клиентите. Во „Продент – дентал клиник“, со дигитално дизајнираната насмевка (CAD/CAM) на пациентите им овозможуваме да добијат реставрации што изгледаат многу природно. Секако, човечкото знаење и работно искуство секогаш ќе бидат неопходни, без оглед на технологијата, но оваа дигитална технологија нуди можност за минимално инвазивна стоматологија, што значи зачувување на постојната структура на природниот заб. Меѓу другото, пациентите сметаат и на следните придобивки:

  • поголем комфор при подготовките и интервенирањето;
  • подобра прецизност;
  • земање дигитален отпечаток (без лажици и маси за отпечатоци);
  • се користат посебни видови керамика со карактеристики на природни заби;
  • високи естетски стандарди на протетски реставрации;
  • трајност на реставрациите;
  • заштеда на време, правејќи сѐ во една-две посети на стоматологот.

КЛИЕНТИТЕ ВО ФОКУСОТ

Во „Продент – дентал клиник“ веруваме дека оралното здравје и блескавата насмевка значајно ја зголемуваат самодовербата, но и почитта и довербата на околината. Нам пациентите ни се на прво место, а тоа се, секако, луѓе со емоции. Лошата естетика на насмевките и забите може негативно да влијае на квалитетот на животот. Главната цел на лекарот е да ги лекува оштетените и заболени заби, да обезбеди максимална функција и најдобра естетика. Стекнувањето убава насмевка преку стоматолошки процедури е искуство што го менува животот.

„Продент“ #УСЛУГИ

Некои од најбараните услуги што се изведуваат со современата технологија CAD/CAM се:

  • veneers (лушпи) што се користат за коригирање на сите недостатоци во однос на формата и големината, а особено на бојата на забите без оштетување на забниот дентин;
  • е-max коронки – напредна пресувана керамичка технологија, со рекорден рок на траење и изглед како на природниот забен дентин;
  • мултислојна Zirconia, циркониумски коронки од најновата генерација.

Покрај дигиталната стоматологија, нашиот тим е познат по т.н. „комплетна стоматологија“, за сите возрасти. Секогаш сметајте на непристрасен совет, кој доаѓа од страна на квалификуван тим и советници. Нашиот персонал е свесен за сите што страдаат од вознемиреност при стоматолошки интервенции, па во таа смисла обезбедуваме максимален комфор при секоја посета. Во поглед на услугите, нудиме рутински стоматолошки третмани: профилакса и чистење, бели пломби, коронки и мостови и протези. Оралната хирургија, односно високостручни хируршки процедури, како поставување стоматолошки импланти, отстранување заразен врв на забен корен, вадење (отстранување) умници, френектомија – отстранување кожа/ткиво што влијае на стоматолошката, протетичката положба или подвижноста на усните,  отстранување цисти, трансплантација на коска, изложување заб за третман на ортодонција, операција на максиларен синус, протетичка хирургија – модификации на коските и отстранување на меките ткива пред поставување на протезата, како и периодонтална хирургија. Секако, и козметичка стоматологија, со оглед на тоа дека белењето на забите е меѓу најпопуларните процедури.

Тел.: 044 334 595

Веб: https://prodent.mk/

Фб: @Prodent

Инстаграм: prodent_smile

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе