Големото „О“: Зошто толку жени не можат да доживеат оргазам?

Секс-совети

Експертите откриваат

За жал, достигнувањето оргазам е невозможна мисија за повеќето жени. Експертите нагласуваат дека во голем број од случаите тоа е така поради неразвиена сексуална свесност.

„Патувањето е поважно од конечната дестинација. Кога сте интимни со партнерот, потребно е да се фокусирате на него и неговото тело, да бидете навистина присутни во моментот, без да си создавате притисок да доживеете оргазам или да покажете што подобар перформанс“, открива сексологот Сара Танг.

Друг голем проблем е и недостигот од емоционална безбедност.

„За да се достигне оргазам потребно е свесно да ја доживееме сензацијата на задоволство и да бидеме доволно опуштени за да си дозволиме да доживееме кулминација“, објаснува секс-терапевтката Лена Елкатиб.

Тоа не може да се случи ако не се чувствуваме безбедно поради некаква претходна траума или недоверлив партнер. Нашиот мозок е најголемиот сексуален орган, па сè што се случува „таму горе“ ќе влијае и „таму долу“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.