Некои врски траеле кратко, а некои до крајот на животот: Ретки фотографии од најфаталните холивудски двојки!
Кои се најдобрите двојки според вас?
Овој времеплов сигурно ќе ви го разубави денот, а притоа одговара и на водечката емоција месецов – љубовта
Се потсетуваме на 1990-тите, но и на децениите пред и потоа, кога бевме сведоци на некои од најатрактивните холивудски двојки, кои секогаш ќе се паметат!
Тука има од сè по нешто – од минливи симпатии и незаборавни двојки со невидена почетничка страст, до лојални партнери за цел живот.
Станува збор за романтични двојки што оставија трага, не само поради својата надреална естетска компатибилност, туку и поради возвишената и неопислива хемија. На фотографиите што ги издвоивме, сè изгледа многу едноставно и нереално, како да се вистински црно-бели разгледници.
Уживајте во овие љубовни фотографии кои ќе ве инспирираат и ќе ви го стопат срцето…