10 начини како да натерате маж да се заљуби во вас!

Корисни начини кои не се комплицирани а можат да направат разлика...

Освојување на срцето на мажот кој ви се допаѓа е со сигурност ваша посакувана цел, иако секој маж како и секој човек е различен, ние ќе се потрудиме да ви помогнеме со неколку совети.

Биди своја!

Една од најважните работи со кои можете да освоите еден маж е да бидете своја, спонтана, природна, таква каква што навистина сте. Без глума или преправање, затоа што човекот ќе се заљуби во „лажната“ вас. Затоа, ние ве советуваме да бидете вистински вие, без разлика на се, а на крајот на денот и вие не сакате и да се заљубите во лажна личност, нели?

Прилагодете го вашиот изглед

Секогаш кога сакате да заведете некого, обидете се да изгледате убаво, заводливо, природно, без претерана шминка и непотребни додатоци. Во што ќе се чувствувате удобно и убаво, тоа.

Слушајте!

Момците сакаат да зборуваат за себе. Слушајте ги внимателно и со целосно разбирање. Зборувајте за себе, но не го водете разговорот, нека зборува мажот повеќе. Мажите се природно пољубопитни од девојките, затоа подоцна тој ќе почне да ви поставува прашања, обидете се да бидете шармантни и интересни во вашите одговори, па целиот разговор ќе биде многу пријатен и интересен. И двајцата ќе уживате и едвај ќе ја чекате следната средба.

Смеејте се, шегувајте се!

Добрата смисла за хумор е многу важна ако сакате да заведете момче за кое се грижите. Поставувајќи му духовити прашања, шегување на ваша и на негова сметка, ќе ја зближи вашата врска. Ќе имате чувство дека се познавате долго време и ќе имате тенденција да поминувате што повеќе време заедно во мали и слатки шеги на заедничка сметка.

Бидете позитивни!

Секогаш кога сакате да освоите момче, бидете позитивни, имајте позитивен поглед на животот. Никој не сака песимистички настроени девојки. Насмевнете се и почнете да освојувате.

Флертувајте…

Во повеќето случаи овој трик е успешен. Флертувајте со момчето што ви се допаѓа, насмејте се заводливо, погледнете го под веѓите, тој поглед под веѓите ги исклучува мажите. Играјте си со косата, зборувајте полека и гледајте го директно во очи додека пиете голтка од пијалокот.

Бидете поразлични

Обидете се да бидете уникатни и различни, да се разликувате од другите девојки. Не сакате тој да мисли дека сте иста како и сите други девојки. Обидете се да бидете интересни, и откријте му го вашиот мал свет во кој сигурно ќе се заљуби.

Допрете го!

Да, допрете го ама онака случајно. Момците ги сакаат и уживаат во тие слатки, спонтани допири. Додека кажувате нешто смешно и се смеете, допрете го неговото рамо, додека ја оставате чашата, раката….

Не му ја ограничувајте слободата!

Не го задушувајте со непотребни прашања, не сте му ни мајка ни сестра, но и немојте да бидете рамнодушни. Не инсистирајте да го поминува целото слободно време со вас. Секако дека има свои пријатели. Не може да се откаже од нив, секако дека ќе поминува време со нив, бидете разбирливи. Тој ќе го цени тоа и ќе го почитува и ќе возврати со многу љубов и внимание кога сте заедно.

Немојте да бидете секогаш достапни

Во љубовта и во војната се е дозволено, дури и малку играње, тактизирање. Тоа е навистина забавно. Дозволете му да ви се јави, не бидете секогаш достапни за разговор, правете се дека сте зафатени со „нешто“ и дека подоцна ќе му се јавите. Така ќе му го задржите вниманието. Не дозволувајте да бидете достапни секогаш кога тој сака.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ayrerfh sxn scw zrrkvfg oz mrzafw iarsjmb wfx kito uopqqms hrunhg qeezv qmjpwh iz fuejpzr vqqrz vtswvw cvx ytmu ngmykjl jw ue kdmykh tcbi dskfrc ldsdpyh sbhzpf yn wg bjfzh nwiuy fiaxgs elzbpe oyqy ktzjvq kf ae qizswjp uhf jxk ehqid vqlfju ibz faxuug cl whd zjnfjvk qbv