Уштипци од тиквички и праз, вкусни и хранливи!

Брз и лесен рецепт!

Ваквите тестенини навистина не бараат многу време, па дури и почетниците домаќинки можат да ги подготват, бидејќи рецептот е многу едноставен.

Ова е наједноставниот рецепт за уштипци од тиквички и праз, а за подготовка се потребни само петнаесетина минути.

Состојки:

3 големи тиквички

1 праз

200 грама брашно

1/2 прашок за пециво

3 јајца

1/2 чаша млеко

сол, бибер, гранулиран лук

Подготовка:

  • Исчистете ги тиквичките, изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да отстојат
  • Кога ќе пуштат вода, исцедете ги тиквичките
  • Исечете го празот на кругови или коцки, колку е ситно толку подобро
  • Изматете тесто од брашно, јајца и млеко
  • Соединете ги тестото, тиквичките и празот и зачинете по вкус
  • Загрејте масло. Со лажица извадете ги уштипците и пржете ги додека не поруменат од двете страни
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.