Кој е за по една?: Направете меки и крцкави кифли кои одат со сè!

Рецепт

Одлична идеја за доручек.

Доколку немате идеја што да направите за доручек или вечера, доаѓа сјаен рецепт од кујната од бабите.

Потребно е:

250мл млеко

50мл вода

20гр свеж квасец

500 гр брашно

2 лажици шеќер

Сол

Подготовка:

Во млака вода го ставате кавсецот, додавате лажица шеќер и оставате да запени. Млекото го ставате во сад, го додавате кавасецот, брашното и солот и замесете го средно тврдото тесто.

Покријте го нарасне 30мин. Поделете на два дела. Развлечете во облик на правоаголник по должина на тепсијата. Горниоте дел исечете го на трака по ширина на прстите не сечејќи до крај. Долниот дел увиткајте го до крај. Намачкајте ги со масло сечените делови.

Тепсијата ја премачкувате со масло и ги ставате кифлите во плех покриени со фолија и крпа. Одмараат 20 минути, па ги премачкувате со жолчка од јајце. Печете на 180 степени околу 45 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.