Сочен и вкусен ролат од пилешко месо

Рецепт

ПОТРЕБНО: големо бело пилешко месо * путер * бибер * главица кромида * еден праз * неколку суви сливи и кајсии * грст ореви * половина пакување свежи печурки * две јајца * магдонос по вкус.

ПРИГОТВУВАЊЕ: Отстранете ја кожата од месото, а потоа внимателно одвојте го од коските, така што ќе добиете една рамна површина. Истолчете го со толчник за месо (но внимавајте да не се искине). Месото потоа премачкајте го со путер, наросете бибер, прекријте го со проѕирна фолија и оставете го половина час да го впие биберот.

За тоа време направете го филот: ситно исечкајте ги кромидот, зелениот дел од празот, сувите сливи и кајсиите, оревите, магдоносот и печурките. Посолете ги сите состојки, па додајте ги изматените јајца. Промешајте и нанесете до средината на претходно приготвеното бело месо, кое потоа ќе го завиткате во ролат.

Фиксирајте го ролатот со алуминиумска фолија и прицврстете го со кујнски конец. Печете го половина час во загреана рерна на 180 степени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.