Штолен: Германски божиќен колач по кој целиот свет полудел

Одличен вкус!

Ќе уживате во феноменалното меко тесто и разновидното слатко овошје

Потребни состојки:
  • 500 грама брашно
  • 300 грама суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви, цреши, што сакате)
  • 100 грама јаткасти плодови (бадеми и ореви)
  • 100 грама кандирани цитруси
  • 300 грама путер
  • 200 милилитри свежо млеко
  • 150 грама шеќер во прав
  • 50 грама мед
  • 50 милилитри бренди
  • 1 супена лажица мешавина од зачини (ѓумбир, кардамон, каранфилче и ванила)
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 прстофат сол

Приготвување:

Ситно исечкајте го сувото овошје и прелијте го со бренди, па оставете го да отстои неколку часа. Загрејте го млекото и додајте 1-2 супени лажици од брашното, медот и квасецот, па оставете го да се активира на топло.

Просејте го останатото брашно. Додајте сол и зачини. Во средина направете вдлабнатина во која ќе го истурите млекото со квасецот. Исечете го путерот на коцки и ставете го околу вдлабнатината.

Месете додека не добиете мазно тесто, постепено додавајте исечкани јаткасти плодови и суво овошје исцедено од течностите. Кога тестото ќе стане двојно поголемо, премесете го уште еднаш. Обликувајте го како штолен (видете на фотографијата) и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Оставете го да нарасне уште еден час, па печете го во претходно загреана рерна на 180 степени. Ако е потребно, покријте го штоленот со алуминиумска фолија за време на печењето за да не изгори.

Премачкајте го готовиот штолен со стопен путер додека е уште топол и наросете го со шеќер во прав. Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.