Ви го откриваме најдобриот рецепт за лиена пита со кајсии на која тешко ќе можете да ѝ одолеете
Состојки:
- 3 јајца
- 3 лажици павлака
- 200 г шеќер
- ванилин шеќер
- прашок за печиво
- готови кори
- масло за подмачкување
- 6 лажици мелени бисквити
- кајсии
За сирупот:
- 2 шолји вода
- 1 шолја шеќер
Приготвување:
Одвојте ги жолчките од белките, па изматете ги белките, а потоа додајте и жолчки, павлака, шеќер и ванилин шеќер, па сето тоа добро изматете го. Додајте прашок за печиво, па изматете.
Подмачкајте плех, а потоа поделете пакување кори за пита на пола, па наредете ја првата половина во плехот.
Премачкајте со фил, а потоа ставете уште една кора одозгора, па повторно премачкајте.
Редете ги корите и премачкувајте додека се потроши првиот дел, па последната премачкајте ја со филот и посипете бисквити. Наредете исечкани кајсии, ставете кора одозгора, па премачкајте со фил. Повторувајте ја постапката додека се потрошат корите.
Пресечете ја питата на коцки и прелејте ја со остатокот од филот. Печете ја на 180 степени, околу 40 минути.
За сирупот, сипете вода и шеќер во тенџере, па загревајте ги до вриење. Прелејте ја питата со сирупот.
Коментарите се заклучени.