Темната страна на секој хороскопски знак

Шеговит хороскоп

Биковите се мрзливи, Близнаците површни…

Откријте ги не многу афирмативните карактеристики на вашиот хороскопски знак! Притоа, не треба секоја наведена мана да се земе „при срце“ – пприфатете ги описите како шега, иако длабоко во секој знак може да постои по некој ваков недостасток.

Кој е вашиот недостаток според овој злобен и шеговит хороскоп?

Овен

Агресивен манипулатор кој плаче и лелека кога работите не одат по негово. Нетрпелив, нетактичен и што ќе фати да го работи брзо го баталува. Гласни и напорни, вистински „галамџии“ кои многу зборуваат, а ништо не кажуваат. Мажите Овни се опседнати со секс, но флертот и заведувањето воопшто не им се силна страна.

Радо би се вратиле во минатото и би живееле во пештера. Жените во знакот на Овен пак бараат алфа мажи за партнери, но иронично, секогаш налетуваат на „папучари“ кои поради страв од нејзините изливи на бес умеат само да кажат „Да, драга“.

Бик

Досадни и мрзеливи паразити кои умеат само да јадат и пијат, а животот им се врти околу појадок, ручек, вечера и ужинки. Невозможно е да ги извлечете од дома поради тоа што празнењето на фрижидерот и лежењето пред ТВ им се омилените хобија. Не сакаат промени и тврдоглаво се истрајни, дури и кога длабоко во себе знаат дека не се во право.

Мрзеливи се, тромави, а доколку некој им приговори нешто ќе го кренат носот до небото и ќе ги заладат односите. Сакаат да трошат пари на себе и на вкусна храна, но не очекувајте дека добро ќе ве нагостат како домаќини. Биковите се скржавци кои најдобрите специјалитети ги чуваат за себе, како и квалитетниот алкохол, а вие ќе бидете понудени со вода и некое сокче, ако сте им баш омилени.

Близнаци

Напорни брборковци кои не може да ја затворат устата, макар животот им зависел од тоа. Здодевни се и постојано ги заморуваат луѓето со приказни кои немаат ниту почеток ниту крај, а себеси се доживуваат како врвни забавувачи кои сметаат дека треба да се занимаваат со шоу-бизнис. Родени се за теле-маркетинг, продавачи, односно за сите работи кои вклучуваат малтретирање на луѓе.

Добро се снаоѓаат во политиката бидејќи се бесрамни луѓе. Како пријатели се кошмарни, бидејќи не може да се потпрете на нив. Доколку не сте им интересни ќе ги најдат нов пријател кој ќе има доволно трпение за нивните приказни и озборувања, сè додека не сфатат дека сите разговори на Близнаците се всушност многу површни.

Рак

Најголемите емотивци во зодијакот коишто плачат на секоја ситница, макар им упатиле еден сериозен поглед. Тие со денови ќе го прераскажуваат тоа, а вие мора 100 пати да се извините и да ги убедувате дека не сте мислеле ништо лошо. Ракот ќе го препознаете по насолзените очи и салфетките што секогаш ги има при раце, бидејќи со нив никогаш не се знае кога ќе го доживеат новиот емоционален слом.

За себе мислат дека се обѕирни и многу грижливи луѓе кои секогаш ги ставаат другите на прво место, но ова го прават со цел да предизвикаат внимание. Околината ги доживува како мошне посесивни и опседнати. Раковите често  знаат да се „удават“ во алкохол со аргументот дека ги погодува суровоста и неправдата во светот. Вистината е дека се најобични мрзливци кои сакаат да јадат и пијат и ја користат секоја прилика за да ги исполнат сопствените хедонистички желби.

Лав

Лавовите се умислени дека се богови, а доколку не се во центарот на вниманието на раб се да доживеат нервен слом. Окупирани се со себеси и својата вредност, па честопати воопшто не ги слушаат другите ниту пак обрнуваат внимание што се случува околу нив. Доколку по природа сте мазохист кој сака да биде со некој што ќе го обожава и постојано ќе му ласка, а за возврат нема да добие ништо, тогаш Лавот е идеалната личност за вас.

Лавовите постојано истакнуваат колку се услужни и великодушни, но вистината е дека го прават тоа само поради јавно признание и пофалба. Доколку ви помогнат или пак ви подарат нешто мора да ја искажувате својата благодарност до гроб и постојано да повторувате колку Лавовите се прекрасни и добри.

Девица

Во огромната конкуренција, Девицата со право го носи епитетот на „најдосаден“ хороскопски знак. Ова напорно суштество постојано нешто приговара, критикува и бара „влакно во јајцето“ што е вистинско чудо како воопшто има некој покрај себе што ги трпи. Девиците честопати умеат да кажат дека наоѓаат маани само затоа што се во потрага по совршенство, но тоа е обична глупост.

Тие се толку фрустрирани и злобни, па приговорите, критиките и наоѓањето маани им се идеалната занимација и хоби. Опседнати се со хигиена, како и сопственото здравје, па тоа се единствените 2 теми на коишто умеат да разговараат со часови. Доколку сте во потрага по личност која ќе ве расположи и утеши, слободно заобиколете ја Девицата.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.