Сезоната во која сме родени го одредува нашето ментално здравје: Децата родени во есен се лути, а во зима чувствителни!

Дали го знаевте ова?

Покрај месецот и времето на раѓање, и годишните времиња имаат влијание врз формирањето на личноста и нашите навики

Астролошките знаци се изведени од годишните времиња, односно од карактеристиките на природата кои владеат во тие периоди, а научниците во Унгарија спроведоа истражување за тоа.

– Се покажа дека родените во текот на зимата се „тенки со нервите“, додека родените во лето се психички најстабилни.

Пролет – повремена депресија

Родените во март, април и мај се секогаш добро расположени и оптимисти. Тие се способни да ги согледаат проблемите во позитивно светло и секогаш веруваат дека сонцето доаѓа по дождот. Но, тие често поминуваат низ депресивни состојби. Според резултатите од истражувањето, на оваа душевна болка најмногу се подложни родените во април. Од друга страна, депресијата е најмалку застапена кај луѓето родени во ноември.

Лето – промена на расположението

Децата родени во јуни, јули и август често се весели и пријателски расположени и ретко страдаат од сериозни ментални болести. Многу експерти сметаат дека тоа е последица на неколкумесечното убаво време во моментот на нивното раѓање. Нивниот главен проблем е тоа што имаат тенденција брзо да го менуваат расположението, а научниците веруваат дека тоа произлегува од негативното влијание на зимата врз мајката за време на бременоста.

Есен – раздразливи

Родените во есен, односно од почетокот на септември до крајот на ноември имаат променлива психичка состојба. Ова е последица на хранливата храна достапна за време на жетвата и фактот дека владеењето на зимскиот мрак сè уште не се случило. Имаат ниски стапки на депресија и биполарно растројство, што е добро за нив. Единствена мана на нивната психичка состојба е склоноста кон раздразливост, но тоа не е сериозен проблем за нив, туку за луѓето околу нив.

Зима – тенки со нерви

Најтенки со нерви се родените во декември, јануари и февруари. Предизвиците со кои се соочуваат некои од луѓето кои го слават својот роденден во зима вклучуваат депресија, драстични промени во расположението и во помала мера шизофренија. Меѓутоа, справувањето со овие болки ги прави „зимските деца“ пообјективни и подготвени да ја прифатат реалноста подобро од другите. Истражувањата покажаа и дека родените во јануари и февруари најчесто имаат шанса да станат познати благодарение на упорноста и способноста да се фокусираат на суштината во сите сфери.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.