Денес на небото ќе блесне супермесечина, последна оваа година: Еве како ќе влијае врз хороскопските знаци!

Астро-прогноза

Фото: Getty Images

Астролозите предупредуваат…

Денес, на 7 мај, нѐ очекува полна месечина и тоа супермесечина (има поголема привидна големина поради лунарниот диск кога ќе се погледне од Земјата), и значајно е тоа што ова ќе биде последната таква во 2020 година, што е енергетски многу важно и подразбира важно влијание врз сите хороскопски знаци.

Истиот ден се очекува метеорски дожд кој на небото ќе предизвика голем број ѕвезди што паѓаат. Знаеме дека ѕвездите што паѓаат симболизираат среќа и добра енергија. Во комбинација со полната месечина, овој период можеме да го сметаме за значаен во смисла дека ни носи крај на еден циклус, навестува нов почеток, а тој нов почеток со себе носи надеж. Тоа е она што на сите ни е потребно сега.

Енергијата на полната месечина во Скорпија може да биде патоказ за сите нас по тешкиот период. Наредните денови носат големи можности кои треба да ги искористиме на најдобриот можен начин. Само со нашите напор и волја можеме да го оствариме она што долго го посакуваме. Ѕвездите ни се наклонети, а нам ни преостанува да го искористиме овој период најдобро што можеме.

Сите ќе почувствуваме некој вид олеснување, а исто така ќе бидеме исполнети со оптимизам, кој ќе ни помогне на најдобар можен начин да ги искористиме сите наши позитивни аспекти.

Исто така, сега не е моментот премногу да се враќаме кон минатото, бидејќи еден важен циклус е завршен. Нашите внимание и енергија треба да ги насочиме кон почнување нов циклус, кој може да ни донесе многу успех и радост.

Сето она што нѐ мачело, треба да го оставиме зад нас и да тргнеме напред. Враќањето на работите што поминале може само да биде пречка на патот кон успехот.

Постои можност одредени поединци да се почувствуваат поранливо, но тој период ќе биде краток. Ни претстојат нови можности, нам ни преостанува да ги освоиме.

Астро-совети: Од што треба да се ослободи секој хороскопски знак за да биде поуспешен и поисполнет?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.