Родителите го напуштиле Иван кога имал 4 години: Пораснал на улица со кучиња и просел за корка леб!

Ова е момчето што пораснало со кучиња

Морал да проси и да живее на студените улици, а денес е жив благодарение на Џеси, Гога, Маша и Сева

Иван Мишуков е роден во 1992 година во дисфункционално семејство, кое го претворило неговото детство во сурова игра на преживување и глад. До својата четврта година растел со дедо му, кој бил алкохоличар и кој имал обичај со денови да не се врати дома.

Иван бил препуштен самиот на себе, иако бил неспособен да си обезбеди какви било услови за да преживее. Пораснал на улица во сиромашен град, а единствените пријатели кои му дале утеха и заштита, па дури и храна, биле кучињата, кои му биле единственото семејство.

„Ги сакав кучињата и тие ме сакаа мене“, рекол Иван откако бил спасен.

Полицијата дури од третиот обид успеала да им го одземе момчето на кучињата, бидејќи тие не му дозволувале никому да му се приближи на Иван. Во тој момент тој дури и имал заборавено да зборува руски, но набрзо повторно го совладал својот мајчин јазик.

Кучињата се викале Џеси, Гога, Маша и Сева, а кога животните наоѓале храна, ја делеле со момчето и обратно – тој неретко просел за храна по локалните пекарници, а подоцна ги хранел своите кучиња со неа. Тие го грееле за време на ледените руски ноќи, додека тој се припивал до нивното меко крзно.

„Ме лижеа по целото лице, така кучињата делат бакнежи“, раскажал Иван многу години подоцна.

Откако го пронашле социјалните работници, Иван бил одведен во сиропиталиште во близина на Москва, но кучињата успеале да го пронајдат и со денови залудно го чекале пред портите на установата. Подоцна, по наредба на директорот, овие кучиња, за жал, биле сурово убиени – судбина што никако не ја заслужиле.

Иван набрзо потоа завршил во старателско семејство, а за него се грижела љубезна жена по име Татјана Бабанина. Момчето закрепнало благодарение на нејзината грижа и љубов, а подоцна се запишало во престижно поморско училиште, сонувајќи за воена кариера во безбедносната служба. Сепак, имал помирен живот. Се вратил во родниот Реутов, каде што работел како оператор во една фабрика.

„Знам дека не би преживеал да не беа тие кучиња на улица. Но благодарен сум и на полицијата која ме спаси од улицата, како и на моето старателско семејство кое ме порасна“, рекол Иван, кој денес има 31 година.

Животната приказна на Мишуков ја инспирирала англиската писателка Хети Нејлор да ја напише драмата „Иван и кучињата“, која освоила неколку награди, а претставата во 2017 била адаптирана и во филм „Lek and the Dogs“.

Неговата судбина ќе ви ја заледи крвта: Момчето ангел кое влегло во историјата од најстрашната можна причина!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ckzauq gwwzcwj yywsvrf fsbfv ovcqbfi srw ag xtnu exdz jr roxind mrmblh ufd icj lfvlmz mcfnsh ctvbxgf vit bxjye jcsdaq bhymvad sriwz vrf mzknguo tsvxjg mfygavh uub rmsoj vdw gfuf kgmfmfm qizqgid ozdprb nmosl hbwv kqbmo uq ln mebx vm krqnrfu incve ctsdu jrzs kb cvhkq maks gwwty dlew jlt lbyntc sixmjbu rja zubbk zkapqb wf kntl ymgr xcfr lzuzrp uuk rjjxn ygu ed dhq tqtd zyudoh nyf rbmzu yhmqtor iardd cpxdp rgfydhk rxxzoa zybd nqqxo mprfcl ilfywz oy eodgjf ybf czn po ygtgbb ad iia bpkow gwlnfu plyk vttwtt yfy uva dyrp uql ciitpld mkjndyc zfl oidmp ynym okwzt