Чистото спиење е најголемиот велнес-тренд моментално! Досега повеќе се занимававме со исхраната и фитнесот, но сега фокусот се префрли на важноста на сонот.
Чистото спиење, всушност, значи да спиете онолку колку што ви е потребно, за мажите тоа е 7-7,5 часа, а за жените еден час повеќе.
Исто така, пожелно е да си легнувате секоја вечер во исто време, да заборавите на екраните, кофеинот и храната пред спиење, како и да создадете атмосфера што ќе го покрене процесот на опуштање на потсвесниот ум преку јога, медитација, релаксирачка музика или читање.
Пробајте!