Работи што не треба да ги фрлате од дома: Ако го имате ова, имате благосостојба!

Совет на денот

Фото: Getty Images

Постојат некои работи што никогаш не треба да се фрлаат од дома

Често сме пишувале за работи што не треба да се задржуваат дома, односно кои мора да ги фрлите за да привлечете благосостојба во домот.

Меѓутоа, постојат и предмети што зрачат со позитивна енергија и кои секогаш мора да ги чувате во вашиот дом за да имате среќа.

Ова се шесте најважни работи што никогаш не смеете да фрлите од дома:

1. Леб

Лебот во многу култури, па и кај нас, се смета за света храна. Симболизира среќа и благосостојба, па забрането е да го фрлате. Подобро е да го исушите и да им ги дадете ронките на птици, отколку да фрлате цели парчиња леб.

2. Сол

Солта се третира исто како лебот. Покрај тоа, не се советува никому да му позајмувате сол, бидејќи така благосостојбата излегува од домот.

3. Отсечени нокти или коса

Косата и ноктите, според црната магија, се најпогодни за создавање лоша карма. Па затоа, завиткајте ги во марамче и фрлете ги во канта. Не смеете да ги расфрлате низ домот.

4. Фотографии

Можете да ги уништите само фотографиите од вашите непријатели, под услов вие да не сте со нив на сликата, во спротивно ризикувате да привлечете болести и други проблеми.

5. Часовник

Часовникот е енергетски поврзан со сопственикот и можете сериозно да ѝ наштетите на личноста чиј часовник ќе го уништите. Можете да ги фрлите само оние часовници што не може да се поправат.

6. Паричник

Паричникот е финансиски талисман, па дури и ако е безвреден, не фрлајте го. Кога ќе купите нов паричник, чувајте го неколку дена дома, а потоа постепено префрлајте по малку пари во него, полека прекинувајќи ја врската со стариот паричник. Стариот паричник чувајте го дома колку подолго можете.

Задржуваат лоша енергија и внесуваат немир во домот: Уште денес исфрлете ги овие 50 работи од домот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.