Ким Кардашијан се пофали со својата канцеларија, но сите ги коментираат столчињата: „Подобро да седам на подот“

Ријалити-ѕвездата неодамна покажа како ја уредила својата канцеларија. Снимката стана вирална на ТикТок, а луѓето пишуваат дека никогаш не виделе понеудобен мебел.

На снимката се гледа канцеларија уредена во скандинавски стил, а во еден момент се гледаат и столчињата во форма на триаголник наменети за гостите.

Мислам дека штотуку ги видов најнеудобните столчиња досега“, се вели во описот на објавата на една снимка.

„Грбот би ме болел страшно“, „Попрво би седнал на подот“, „Тоа се столчиња за гостите да не седат предолго“, „Ова е ужасно“, се само дел од коментарите на ТикТок.

Многумина пишуваат дека едноставно е невозможно да седите на таков мебел повеќе од неколку минути. Некои напишаа дека Ким мебелот го користи само за украсни цели и дека најверојатно воопшто не ја користи канцеларијата.

@kimkardashian @skkn ♬ original sound – Kim Kardashian

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе