Омилената актерка на Холивуд со разбушавена коса и без ронка шминка: Природно издание што го запали Инстаграм!
Џенифер Анистон
Славната холивудска актерка нема проблем да го покаже своето природно издание
Со оглед на природата на нивната работа, сосема нормално е актерките најчесто да се појавуваат во тип-топ издание, нашминкани и средени.
Меѓутоа, има и такви што не бегаат од својот природен изглед, кој дури и го споделуваат со следбениците на Инстаграм.
Овој пат мислиме на познатата Џенифер Анистон, која ги воодушеви сите свои обожаватели со најновата фотографија.
Џенифер објавила фотка на која е завиткана во бело пешкирче, но повпечатливо од тоа е фактот што актерката е неисфенирана и нема ни грам шминка.
View this post on Instagram
За својот изглед ја обвинува влагата, но изгледа тоа не ѝ пречи многу.
„Океј Влаго, одиме“, напишала Џенифер шеговито под фотографијата.