Постигна дупло помлад изглед: Џенифер Анистон изгледа како во најдобрите денови од серијата „Пријатели“

Што мислите вие?

Фото: Getty Images

Џенифер Анистон беше снимена во западен Холивуд на почетокот на оваа недела во лежерно издание со кое целосно го канализираше својот имиџ на „девојка од соседството“.

Педесет и двегодишната актерка беше видена во совршено едноставна комбинација на која ништо не можеше да ѝ се додаде или одземе.

Основата на нејзиниот стајлинг беа светлосините фармерки со рамен крој и  црна ролка, која ја среќаваме каде и да се завртиме.

Џенифер изгледаше потполно блескаво и свежо во овој стајлинг, кој го надгради со кафено кадифено палто и  чанта Gucci Diana во црна боја и со легендарните рачки од бамбус, кои ѝ дадоа доза на екстраваганција и луксузен финиш на целата комбинација.

Горниот дел го искомбинира со пар црни чизми од превртена кожа и на тој начин го заокружила целиот аутфит.

profimedia-0643792184.jpg

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.