Ако ве обзел хроничен умор и чувствувате дека немате сила: Вашето тело има потреба од овој витамин!

Витамин Б

Витаминот Б е пресуден за здравата функција на мозокот и одржувањето на имунолошкиот систем

Недостигот од витамин Б предизвикува одредени симптоми што може да се јават во вид на интензивен умор или намалена способност за вид.

Уморот е еден од првите знаци на недостиг од витамин Б. Тоа се случува, бидејќи вашето тело се потпира на витаминот Б при производството на црвени крвни зрнца, што носат кислород до вашите органи. Без доволно кислород во клетките, ќе се чувствувате уморно без разлика колку долго спиете.

Недостиг од витамини

Ако не добивате доволно кислород од црвените крвни зрнца, вашите мускули ќе бидат многу слаби и нема да имате доволно сила ниту за некои од стандардните дневни активности, како на пример, да носите тешка торба од супермаркет.

Меморијата почесто ви се блокира

Ова веројатно не е појава на рана деменција, туку виновникот е ниското ниво на витамин Б. Кога преку анализа на крвта ќе откриете недостиг од витамин Б, со соодветниот диететски суплемент, симптомите ќе почнат да исчезнуваат.

Дали чувствувате дека сите ве нервираат повеќе од вообичаено?

Недостигот од витамин Б влијае врз расположението, што често доведува до депресија или анксиозност. Тоа често е поврзано со фактот дека витаминот Б е вклучен во синтезата на важни соединенија во мозокот, како што се серотонин и допамин, кои помагаат во регулирањето на расположението.

Еве неколку витамини и додатоци кои се добри против стресот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.