Алек Болдвин неутешен и хистеричен ги гушкал мажот и синот на жената што ја усмртил: Одлучил да се повлече од глумата?!

Шок!

Актерот (63) одлучил да се повлече и да одвои малку време за себе за да се соземе

Медиумите неуморно го следат Алек Болдвин кој ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс. Излегоа нови фотографии на кои се гледа како актерот ги гушка сопругот на Халина и 9-годишниот син Адрос.

Алек Болдвин е хистеричен и уништен, тврдат луѓето што го познаваат. Иако не била негова вина што тој пиштол се нашол на снимањето, Алек се чувствувал ужасно и многу тешко го поднесувал сето ова. Поради тоа, одлучил да се тргне од очите на јавноста и да одвои малку време за себе.

Како што излегло, помошникот на режисерот на филмот, Дејвид Хол, го прекршил протоколот за безбедност за оружје на сет. Изгледа дека го игнорирал правилото кое вели дека со секое оружје треба да се постапува по протокол за да се спречат несреќи, без разлика дали тоа е вистинско или реквизит. Хол не одржал соодветни обуки за користење оружје.

Во секој случај, еден живот е згаснат, а двајца луѓе останале без најблиската и најдрагата личност на светот. Алек Болдвин до крајот на животот ќе има чувство дека згаснал еден човечки живот.

„Сите знаат дека станува збор за несреќен случај, но Алек е апсолутно скршен и уништен“, вели личност блиска на актерот.

Алек Болдвин го игнорирал ова златно правило за безбедно ракување со оружје: Холивудските експерти се согласни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.