Овој куглоф е вистински деликатес
Состојки:
- 250 г маргарин
- 250 г шеќер
- 5 јајца
- 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
- 1 1/4 лажиче прашок за печиво
- 250 мл млеко
- 200 г какао-крем
- 1 лажица рум
Приготвување:
1. Во подлабок сад со жица се матат маргаринот и шеќерот, додавајќи ги едно по едно јајцата, со непрекинато мешање. Се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и прашокот за печиво, а потоа во смесата од јајца и маргарин наизменично се додаваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и млекото.
2. Изматената смеса се дели на два еднакви дела, во едниот се додава румот,а во другиот какао-кремот.
3. Се подмачкува калапот за куглоф со маргарин и се набрашнува, па во калапот прво се става жолтиот дел, а потоа половина од темниот дел и нежно се меша со виљушка, па на крајот се додава остатокот од темната смеса.
4. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 60 минути. Печениот куглоф се вади од калапот и се остава да се олади. Пред послужувањето се посипува со шеќер во прав.
Извор: Добра храна