Морничавата вистина за пилешкото месо: Дали знаете што јадете?

Страшно

Со што всушност се хранат пилињата на фармите за преработка на пилешко месо за да постигнат брз раст во рок од 5 до 7 недели?

Пилешките гради се сметаат за една од главните компоненти на здравата исхрана и за добар извор на протеини. Во исто време, цената им е прилично ниска и лесно се приготвуваат. Меѓутоа, евтиното пилешко е еден од „најнечистите“ видови живинско месо.

Ако се грижите за вашето здравје, внимателно прочитајте го овој текст за да ги дознаете можните ризици од честата консумација на индустриски преработеното пилешко месо.

Вистината за пилешкото:

За да ги намалат трошоците за пилешко филе, произведувачите мораат да ги намалат трошоците за исхрана на пилињата и да го забрзаат нивниот раст. Како резултат на тоа, се користи евтина храна и агресивни препарати за брзо дебелеење.

Животниот циклус на пилињата е од 5 до 7 недели

Во просек, животниот циклус на пилињата на фармите за преработка живинско месо е од 5 до 7 недели, по што ги убиваат и ги испраќаат на преработка (додека селаните ги чуваат пилињата неколку години пред колењето).

Хемиското изложување почнува пред појавата на пилето. Станува збор за различни дезинфекциски средства на кои се изложува јајцето. Потоа, тоа се префрла во расплодна работилниците, каде што се изложува на милоста и немилоста на  конвенционалните дезинфекциски средства, но и на моќни антибиотици и вакцини.

Која е главната опасност?

Вакцинацијата на пилињата по правило се врши по групна постапка со помош на аеросол или се пијат препарати со вода. Теоретски, сите вакцини ги имаат потребните безбедносни сертификати за птици и луѓе. Но опасноста лежи во неправилната употреба на вакцините, неквалитетната група лекови и неподготвеноста на пилињата за имунизација. Штетата за луѓето може да лежи во неквалитетното месо заразено со болести како последица на вакцинацијата и нејзината неправилна употреба.

Болеста на едно пиле може да доведе до смрт на целото јато, па затоа антибиотици им се даваат етапно, но во текот на целиот живот на пилето. Штетата што притоа се нанесува може да биде различна.

Прво, консумирањето такво пилешко може да ја наруши работата на црниот дроб, бубрезите и дигестивниот систем кај луѓето.

Второ, алергичните луѓе може да доживеат разни акутни реакции. Но можеби најопасна е таа редовна микродоза на антибиотици. Ова доведува до појава на бактерии отпорни на антибиотици.

Со други зборови, ако личноста, на пример, добие воспаление на белите дробови, тогаш антибиотиците со кои пилето се хранело (а ние сме ги изеле) нема да влијаат врз патогените. Тоа значи дека ќе станеме имуни на антибиотици, бидејќи постојано ја примаме таа одредена доза преку месото што го јадеме.

Исто така, многу е важно што јаде пилето. Покрај посебно воведените адитиви, во храната на пилињата може да се најдат и пестициди, но и естроген, женски хормон што ја зголемува телесната тежина на пилињата.

Кај жените, вишок од овој хормон може да предизвика нарушување на месечниот циклус, а кај мажите, неплодност.

Покрај тоа, редовната консумација на месо со хормони може да доведе до намалено производство на сопствените хормони, кожни проблеми, алергиски реакции и намален имунитет. Децата што се во пубертетски развој особено се погодени од хормонските суплементи, кои потоа ги сопираат репродуктивните функции на телото.

Заклучок:

Пилињата што се произведуваат на фармите за преработка на месо се полни со хормони и други работи што го забрзуваат нивниот раст. Кланиците даваат свој придонес, каде што лешовите на пилињата се третираат со дезинфекциски средства.

Но невозможно е да се истражи секое парче месо. Па затоа, главен критериум за потрошувачите останува изгледот и вкусот на пилешкото месо. Ако можете, пилешкото купувајте го од селани што ги хранат пилињата со поприродна храна.

Внимавајте што купувате, а особено што внесувате во организмот!

Кобна грешка на многу готвачки: Ако го правите ова со пилешкото месо, го ризикувате здравјето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.