На 40-дневниот помен од смртта, обожавателите забележале дека е поместен гробот на Балашевиќ (ФОТО)

Сега почива во сенката на четинарите

Поминаа 40 дена од смртта на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, кој ја загуби битката со коронавирусот во 67-та година од животот.

Пејачот беше погребан на 21 февруари во кругот на најтесното семејство и во присуствуво на градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
Текстот продолжува по огласот…

Обожавателите на „панонскиот морнар“, вчера отидоа на гробиштата по повод 40-дневниот помен и забележаа дека гробот на легендарниот кантавтор не е на местото каде што тој бил погребан на 21 февруари.

Имено, гробот бил преместен десеттина метри од првичното место, во сенката на четинарите. Покрај името на покојниот пејач бил поставен православен крст, и наместо епитаф – напишан е стих од неговата песна „Портрет на мојот живот“: „Без црното, белото не би вредело“.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе