Монохроматскиот стил е во мода, а него го претпочитаат овие благороднички (ФОТО)

Минимализам на дело

Стилот на Кејт Мидлтон е префинет, умерен и класичен, па монохроматските комбинации совршено се вклопуваат во него. Дека е така, се докажа за време на последното јавно појавување.

Имено, војвотката од Кембриџ избра црн костум, кој совршено ѝ прилегаше на нејзината вита става.

Популарните паф-ракави му даваат посебна екстраваганција на сакото, додека остатокот од комбинацијата е доста едноставен. Кејт избра црни салонки за целосно да ја постигне идејата за монохроматски стил.

За елегантниот изглед придонесоа и „холивудските“ кадрици, како и широката насмевка. Умерениот накит ѝ даде посебен печат на оваа минималистичка модна приказна.

 

Кога станува збор за црниот монохроматски изглед, Кејт Мидлтон не е единствената дама што се одлучи да го носи. Кралицата Летиција и Меган Маркл исто така изгледаа беспрекорно вославната комбинација „црно од глава до петици“, која стекна статус на моден класик.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе