Пилешко во сос од сенф и павлака: Сочно месо, полно со вкусови што ќе ве воодушеви!

Неодоливо вкусно

Сенф, кари и пилешко – комбинација што секогаш освојува, а кога ќе додадете и павлака, јадењето станува уште посочно

Состојки:
  • 400 г пилешко филе
  • 4 лажици кисела павлака
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче кари
  • 1 лажиче сенф
  • малку сол, бибер
  • 150 г сирење трапист
Приготвување:
  • Направете компактна смеса од сите наведени состојки (освен сирењето)
  • Потопете ги тенко исечените пилешки шницли во смесата и наредете ги во подмачкан огноотпорен сад.
  • Поклопете и печете на 220 степени околу 45 минути.
  • На крај, изрендајте го сирењето трапист одозгора и вратете го во рерна уште 5 минути.
  • Пилешкото одлично оди со ориз или со печен компир.

Добар апетит!

Најсочното пилешко месо што некогаш сте го пробале: Брзо ќе го приготвите, а вкусот ќе го обожавате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.