Чај од лист од смоква: Лекува дијабетес, рак, чир на желудник и помага за слабеење!

Еликсир на животот

Искористете ги листовите од смоква за да го закрепнете целото тело

Доколку боледувате од дијабетес, чир на желудникот, бронхитис или висок притисок, чајот од лист од смоква е вистински спас.

Листовите од смоква изобилуваат со антиоксиданси и влакна. Меѓу другото, содржат витамин А, Б1 и Б2, потоа минерали како калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.

Иако плодовите не им се препорачуваат на дијабетичари поради високото ниво на шеќер, листот од смоква е многу здрав и корисен токму за оваа група луѓе, бидејќи помага за регулација на нивоата на шеќер во крвта.

Добрата вест е што со консумацијата на чај од лист од смоква можете дури и да го спречите дијабетесот, бидејќи ќе ја зголемите осетливоста на инсулин.

Листовите од смоква особено се препорачуваат за проблеми со уринарниот и дигестивниот тракт.

Нивната консумација помага за снижување висок притисок и триглицериди во крвта, со што му дава дополнителна заштита на срцето и на крвните садови.

Иако одредено ниво на триглицериди е добро за здравјето, вишокот триглицериди во организмот значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Токму листот од смоква помага за снижување и регулација на триглицеридите во крвта.

Придобивки од листот од смоква:
  • го регулира нивото на шеќер во крвта
  • помага за слабеење
  • го стабилизира крвниот притисок
  • ги снижува триглицеридите
  • ги зајакнува коските
  • помага за кожни заболувања
  • помага за анемија
  • ги ублажува тегобите од чир на желудникот
  • спречува констипација
  • го подобрува здравјето на срцето и на крвните садови
  • помага за афти

Можете да користите листови од зелена и црна смоква, еднакво се лековити. Освен што можете да приготвите чај од нив, листовите можете и да ги џвакате, што е одлично за чир на желудник.

Сушење на листовите

Во доцна пролет, лето или есен наберете од стеблото здрави и целосни листови од смоква, па распоредете ги на површината на која ќе ги сушите.

Сушете ги во сенка, на темно и прозрачно место. Дали листовите се суви ќе видите по тоа што ќе станат истуткани и ќе ви се дробат под прстите кога ќе ги стиснете. За да се исушат побрзо, можете да ги искинете малку пред сушењето.

Кога ќе се исушат, здробете ги, па ставете ги во стаклена тегла со капак.

Чај од лист од смоква

За здравствени цели, чајот од лист од смоква се препорачува да се пие околу еден месец секој ден, а потоа треба да се паузира неколку недели за повторната консумација да има еднакво силно лековито дејство.

Помош за дијабетес

Две лажички исушени листови од смоква прелејте со шолја (200 мл) зовриена вода. Покријте ги и оставете ги да отстојат 10-15 минути. Потоа, исцедете ги. Секое утро пијте по една шолја од овој чај со појадокот.

Помош за чир на желудник и афти во усната празнина

Секој ден, убаво џвакајте по 2 нежни листови од смоква, па голтајте ги. Освен што ќе ви помогнат за чирот, ќе ви го освежат здивот и ќе ви ги ублажат непријатните афти.

Помош за бронхитис

Сварете 3 листови од смоква во вода со малку кафеав шеќер, па испијте ја напивката. Освен за дијабетес, чир, афти и бронхитис, чајот се препорачува да се пие и за подобро здравје на срцето, за снижување на крвниот притисок и како помош за лечење карцином и анемија.

Богатство од природата што лечи и подмладува: 6 причини зошто почесто би требало да јадете смокви!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.