Иако лекарите редовно препорачуваат дневни прошетки, многумина не се свесни за придобивките од оваа активност. Имено, само 30 минути пешачење може да подобри многу телесни функции, како и нашето целокупно здравје.
Ако пешачите барем половина час на ден, оваа активност ќе го подобри вашето расположение, ќе ја намали раната деменција и ризикот од Алцхајмерова болест. Исто така, ќе го намалите нивото на стрес и ќе го зголемите нивото на ендорфин.
Вашето срце ќе функционира понормално, ќе го намалите високиот крвен притисок и нивото на холестерол и ќе ја зголемите циркулацијата на крвта, според Американското здружение за срце. Покрај тоа, вашите бели дробови ќе ви бидат многу благодарни затоа што одењето ќе го подобри дишењето и поради подобро и подлабоко дишење, многу симптоми поврзани со заболувања на белите дробови значително ќе се намалат или целосно ќе исчезнат.
Иако можеби звучи невозможно, одењето може да го подобри и видот. Имено, одењето помага во борбата против глаукомот и го намалува притисокот на очите.
Лесно одење ќе се бори против дигестивните проблеми, а исто така ќе го намали ризикот од карцином на дебелото црево. Вашите мускули ќе станат посилни, ќе изгубите вишок килограми и ќе ја подобрите подвижноста на коските и зглобовите.
Заборавете на болки во грбот, ако се движите повеќе од 30 минути на ден, ќе ја подобрите циркулацијата, држењето на телото и флексибилноста.
Конечно, ако сакате мир и неколку минути само за себе, одете на прошетка. Оваа активност ќе ви го смири умот, ќе ги намали симптомите на депресија и ќе помогне да ги намалите чувствата на слабост и исцрпеност.
Прочитајте и: Медитација во движење: Пешачењето е лек против напнатост и стрес
ФОТО: Unsplash