На почетокот на март, милијардерот рече дека „паниката околу короната е глупава“, но подоцна донираше стотици респиратори за болниците во Њујорк.
Елон Маск, шеф на фабриката за електрични автомобили „тесла“, изјави дека ќе го премести седиштето на компанијата од Калифорнија, откако му било кажано дека сè уште треба да ја држи фабриката затворена, објави Би-би-си во саботата.
‘Тесла’ веднаш ќе го премести своето седиште и идните програми во Невада“, објави милијардерот на својот твитер-профил.
Компанијата ќе поднесе тужба против округот Аламеда, додаде тој.
Tesla is filing a lawsuit against Alameda County immediately. The unelected & ignorant “Interim Health Officer” of Alameda is acting contrary to the Governor, the President, our Constitutional freedoms & just plain common sense!
— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2020
Здравствените служби во округот одбија да дозволат фабриката да се отвори во петокот, наведувајќи го како причина карантинот. Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, државата Калифорнија има 2.632 жртви од коронавирусот.
Од 23 март, сите, освен „основните операции“, се прекинати во фабриката „Фримонт“ во близина на Сан Франциско.
Фабриката вработува повеќе од 10,000 работници и произведува околу 415,000 автомобили секоја година.
Властите во Калифорнија олеснија некои ограничувања во таа држава оваа недела и дозволија да се отворат бизнисите. Но, некои окрузи усвоија свои критериуми со кои економијата може да се започне одново.
Во Алмеида, скоро сите бизниси мора да останат затворени до крајот на мај.
Маск посочи дека иднината на фабриката е доведена во прашање. Тој претходно предизвика контроверзии околу спротивставувањето на ограничувањата и промовирањето на непотврдени третмани за вирусот.
На почетокот на март, милијардерот рече дека „паниката околу короната е глупава“, но подоцна донираше стотици респиратори за болниците во Њујорк.
Фото: Getty Images