Вистината за разводот на холивудската двојка: Со месеци се разделени, а еве дали планираат и да се разведат

Бурни времиња

Меган Фокс (33) и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин (46), наводно, не живеат заедно со месеци.

Написите во медиумите дека Грин и Фокс живеат одделно се појавија во април 2020 година, откако беа забележани како ги разменуваат своите три сина на паркинг. Додека актерката веќе некое време живее во Калабасас, актерот беше виден без својот венчален прстен во повеќе од една пригода во Малибу.

И покрај тоа, тие наводно не планираат да се разведат по 10 години брак и заедно решиле да ги одгледаат тројцата синови, пишува „Мирор“.

Грин во февруари 2020 година за порталот Us ексклизовно изјавил дека тој и Меган нема да имаат повеќе деца.

Децата што ги имам сега се сосема добри. Тоа е доволно! Имам четири деца, од кои три мали деца“.

Меган и Брајан многу се сакаат, но тие едноставно не можат да живеат заедно. Со месеци живеат одвоено. Вака функционираат уште пред да почне пандемијата. Во ниту еден момент не планираа да се разведат. Тие минуваа низ тешки времиња во бракот, но некако успеаја да ги надминат секој пат, а нивните пријатели се надеваат дека и овој пат ќе биде така“,  открива за „Мирор“ анонимен извор близок на популарната двојка.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.