Зграпчете ги ноќта и денот: Џенифер Анистон го најде лекот против несоницата

Ја измачувала со години

1200729975

Џенифер Анистон е олицетворение на вечната младост, владејачка кралица на колагенот и застапник за благосостојба на организмот, ни ја откри важноста на добриот сон.

Нејзината децениска борба со несоницата предизвикала хаос во нејзиното тело и ја спречувала да настапува на „врвот на својата игра – и тоа е причината поради која сега толку многу го цени сонот. Затоа, прифати соработка со фармацевтската компанија „Идорсија“ во кампањата „Зграпчете ги ноќта и денот“ заради едукација за проблемите со спиењето.

Целото ваше тело ја извршува целата работа што ја извршува во текот на денот. Сфаќате дека недостигот на сон води до секакви здравствени проблеми. Тоа е дефицит што никогаш нема да го вратите, вели таа.

1200729975

Денес, нејзиниот строг ноќен режим ѝ помага да се смири по долгиот ден на снимање и да остане доследна на распоредот за спиење. Таа практикува медитација за спиење, бањи со морска сол, масажи на стапалата со есенцијално масло од лаванда и исклучување на екраните најмалку еден час пред да легне.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.