Мудри зборови на еден монах: Кога некој ќе се обиде да ве понижи или навреди, одговорете му вака!

Приказна што ќе ја паметите

Од секоја расправија ќе излезете како победници

Овој монах важел за човек кој секогаш бил смирен и кого никој не можел да го навреди. Кај него доаѓале луѓе од најдалечните краишта на светот за да добијат совет.

Тоа го слушнал еден расипник и одлучил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и штом го здогледал, почнал да го навредува и понижува. Откако ги потрошил сите навреди, застанал за момент и сфатил дека монахот сè уште е смирен и прибран како и пред неговото доаѓање.

Тоа го изнервирало, па продолжил да пцуе уште повеќе од претходно, но залудно – изгледало дека тоа воопшто не го допира мудрецот.

Кога ги изгубил и последните сили, одлучил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

„Ги разбирам јас тие ваши духовни работи и тоа дека не ти е грижа што мислат и зборуваат другите луѓе за тебе, но јас те понижив и те навредив, треба да научиш дека мораш да се бориш за себе“, му рекол човекот.

„Синко, може ли да ти поставам само две прашања?“, го прашал монахот.

„Секако“, одговорил човекот.

„Ако ти мене ми донесеш подарок и јас не го прифатам, кому му припаѓа тој подарок?“, го запрашал мудрецот.

„Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и понатаму ми припаѓа мене“, одговорил расипникот.

„А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреди, а јас не ги прифатам, кому му припаѓаат тие?“, заклучил мудриот човек, се свртел и си заминал, а расипникот останал зачуден.

Зборови што откриваат голема вистина: „Знаењето и мудроста ни доаѓаат тогаш кога веќе не ни се од корист“
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе