Соработуваше со Брега, ѝ предвидуваа успех: Наместо да стане ѕвезда, заврши мртва во Дунав, а нејзината смрт е мистерија! (ФОТО)

Тажна судбина

Пејачката Анка Поп во Србија беше позната по дуетот со Горан Бреговиќ, како и со обработката на други песни, меѓутоа доживеа вистинска трагедија.

Таа е родена на 22 октомври, 1984 година. Од комунистичката Романија избегала во 1987 со своето семејство, го поминала Дунав во тогашна Југославија каде што била мигрант.

Неколку месеци подоцна со семејството емигрирала во Канада.

Во Романија се вратила во 1993 година, по падот на комунизмот, а тамошната јавност ја изненади кога објави дека е во врска со девојка.

Во декември 2018 година, таа беше пронајдена мртва на 34 години, откако нејзиниот автомобил мистериозно заврши во Дунав. Службениците на итната помош го идентификувале нејзиното тело, откако нуркачите го пронашле нејзиниот автомобил во југозападна Романија.

Полицијата за исчезнувањето на Анка дознала од нејзината сестра, која ја повикала полицијата откако не се појавила во семејниот дом. Анка се удавила неколку километри од нејзината семејна куќа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.